Злобниците се сомневаа, но повредата што Новак Ѓоковиќ ја заработи на четвртфиналниот дуел од Австралија Опен против Карлос Алкараз е од посериозен карактер.
Српскиот ас најпрвин го предаде полуфиналето со Александар Зверев, во меѓувреме беа направени детални прегледи кои покажаа дека проблемот не е воопшто наивен. Имено, Новак има кинење на мускулот на ногата, повреда по која според првите прогнози го очекува пауза од околу два месеца од тениските терени.
Ова практично значи дека тој нема да биде на располагање за репрезентацијата на Србија во Дејвис купот, а сигурно ќе ги пропушти и турнирите во Доха и Дубаи, за кои претходно најавуваше дека со задоволство ќе ги игра.
Во зависност од темпото на рехабилитацијата, дополнително ќе биде познато дали Ѓоковиќ ќе може да игра во Мајами и Индијан Велс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА