Од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на критичари кои јавно говорат против Душан Влаховиќ, кој дефинитивно не ги оправдува очекувањата како најскапо засилување на Јувентус и најплатен фудбалер во Серија А, рамо до рамо со Ромелу Лукаку.
Дефанзивната тактика која ја применува Масимилијано Алегри сигурно влијае врз настапите на српскиот голгетер, но легендарниот Пауло ди Канио гласно му порача на Влаховиќ дека тоа не смее да му служи како алиби. Според Ди Канио, главен проблем на Србинот е недоволната фудбалска интелигенција.
„Ако Душан Влаховиќ не успее во Јувентус, тоа ќе биде 75% по негова вина. Ако си добар играч, не е важно колку си исфрустриран од малиот број шанси за гол, мораш да се адаптираш на својата екипа и да ги искорстиш тие неколку топки кои ќе ги добиеш во шеснаесетникот. Во Фиорентина делуваше толку полн со себе, толку сигурен, очигледно се е поинаку во Јувентус. Полека, но сигурно се откриваат пукнатините во неговиот менталитет, преку одлукие кои ги носи на теренот. Тој како да нема доволно фудбалска интелигенција за да се соочи со тешката ситуација во која се најде. Кога велам дека не е фудбалски интелигентен тоа не значи дека Душан не може да игра за клуб како Јуве, туку дека мора да научи некои едноставни работи. Вистинските мајстори се докажуваат токму кога е најтешко“, изјави Ди Канио.
Српскиот голгетер ќе има можност да докаже дека Ди Канио греши веќе на неделното големо дерби против Интер, дуел на двете водечки екипи на табелата во Серјиа А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

