„Проблемот во Јунајтед не е до тренерот“

Манчестер Јунајтед ни по смената на тренерот не успева да излезе од кризата. По поразот од Вулверхемптон на „Боксинг деј“, тимот од Олд Трафорд е само на 14. место во Премиер лигата.

Катастрофалните резултати продолжуваат и по доаѓањето на Рубен Аморим за менаџер, а неговиот сонародник и поранешна ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо, смета дека проблемот не е во тренерот.

„Премиерлигата е најтешката лига во светот. Нема лош тим, сите се борат, сите трчаат, сите тимови се силни. Фудбалот целосно се промени. Нема лесни мечеви. Го кажав ова и претходно, но ќе продолжам да го кажувам: Проблемот не се тренерите. Ќе дадам пример со аквариум: Имаш риба во резервоарот, која е болна, ја вадиш и го решаваш проблемот, па ја враќаш во резервоарот, но пак ќе биде болна. Проблемот во Манчестер Јунајтед е ист. Не е секогаш проблем во тренерот. Тоа е многу повеќе од тоа“, објасни Роналдо.

Се вчитува...