Продаден најскапиот билет во историјата на Премиерлигата

Неверојатни вести доаѓаат од Лондон. Челси влезе во историјата на заработка по само една продадена влезница, а сумата која ја заработиле за само еден билет изнесувал 5.000 фунти.

Тоа е сума која е рекордна за еден билет во Премиерлигата, но што се добива освен гледање на натпреварот?

Седиштето е веднаш зад тренерот Маурисио Покетино, човекот кој ја купил влезницата ќе може да ги запознае играчите на Челси. Влезницата важи за мечот против Манчестер Јунајтед во април.

Претходниот рекорд на висина на билет го имаше Манчестер Сити за билет кој чинеше 4.200 фунти, додека најдобар „пакет“ имаше Вест Хем кој за 4.000 фунти продаде влезница која вклучуваше и лет со хеликоптер.

Се вчитува...