Продадени повеќе од 10.000 билети, се очекуваат 20.000 навивачи со поддршка за Македонија

Повеќе од 10.000 билети се продадени до денеска напладне за утрешниот квалификациски натпревар на Македонија против Словенија кој од 20:45 часот се игра на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, информираат од ФФМ.

Ако се суди според досегашната практика на македонскиот навивач за купување на денот на натпреварот, се очекува македонските репрезентативци да имаат поддршка од околу 20.000 навивачи на нашиот најголем стадион против Словенците. Натпреварот е клучниот околу финалниот тек на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020.

Билетите за дуелот со Словенија може да се купат преку продажната мрежа на MKTickets. Можат да се купат и на посебен пулт на ФФМ во Skopje City Mall и на благајната на Националната арена „Тодор Проески“. Цената на билетите изнесува од 50 до 200 денари. Билет од 50 денари се продава за Западната трибина, додека 150 и 200 денари чинат билетите на Јужната и Северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“.

Се вчитува...