Продажба на билети за македонски навивачи кои сакаат да го следат мечот на Македонија со Лихтенштајн во Вадуц

Фудбалската федерација на Македонија информира дека билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Лихтенштајн – Македонија кој ќе се одигра на 22. март на стадионот во Вадуц, Лихтенштајн се пуштени во продажба преку платформата на Фудбалската федерација на Лихтенштајн:  www.heimspiel.li

Поддржувачите на македонската репрезентација можат да купуваат билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи (вкупно 1232 места) по цена од 15 швајцарски франци.

Билетите од прва категорија (вкупно 200 за македонски поддржувачи), пак, чинат по 35 швајцарски франци.

Се вчитува...