Првото вечно дерби во македонскиот ракомет помеѓу Е.Пелистер и Вардар во суперлигашкиот плеј-оф ќе биде одиграно во четврток во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 18 часот и 30 минути.
Со оглед на пласманот на овие две екипи при врвот на табелата, овој натпревар е од огромно значење за шампионските амбиции на битолската и скопската екипа.
Во Битола се очекува преполна сала па така раководството на „зелено-белите“ најави почеток на продажбата на билетите уште утре на пладне (12 часот).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА