Навивачите на Вардар од денеска можат да си набават билет за претстојниот меч од осминафиналето од ЛШ против Загреб, што ќе се игра на 30 март во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Откако заврши рокот за купување на приоритетен билет на оние навивачи кои имаат сезонски карти, од денеска почнува регуларната продажба за овој дуел од Лигата на шампионите, и тоа по цена од 350 денари за местата на трибина и 400 денари за А-блоковите.
Како што информираат од РК Вардар, продажбата на билети за осмина-финалните натпревари се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден (понеделеник – петок) од 10 до 18 часот, и преку www.ticketplus.mk.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА