Голден Стејт ќе мора да се снаоѓа уште извесно време без својот најдобар кошаркар откако беше објавено дека рехабилитацијата на Стеф Кари не се одвива во посакуваниот ритам.
Двократниот МВП кој воедно има и четири НБА-титули ги пропушти последните 15 меча на „воините“ жалејќи се на болка во десното колено. Операција беше исклучена како опција, но досегашните третмани не вродија со плод, па беше објавено дека Кари ќе мора да паузира најмалку уште десет дена од терените, што би значело дека ќе пропушти уште најмалку пет натпревари на својот тим.
Тој досега пропушти 15 средби на Голден Стејт, на кои „воините“ имаа скромни пет победи и дури 10 порази, со што оваа екипа падна на деветтото место во Западната конференција.
Кари тренира индивидуално, но се уште нема добиено зелено светло да се приклучи на тимските тренинзи на „воините“. Следната контрола е закажана за 21 март, по што ќе биде познато дали најдобриот шутер на денешницата ќе заигра во НБА пред крајот на регуларниот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

