Суспензиите што на Конор Мекгрегор и на Хабиб Нурмагомедов им ги изрече Спортската комисија на Невада, а по хаосот што го предизвикаа по борбата на УФЦ титулата во лесна категорија, се продолжени се до комплетно расчистување на случајот.
Откако го победи Мекгрегор, Нурмагомедов го напушти октагонот и предизвика тепачка со дел од тимот на Ирецот, по што настанаа и нереди во публиката.
Комисијата му блокираше и дел од паричната награда на Нурмагомедов. Половина од предвидената сума му е задржана се до сослушувањето закажано за во декември. На него двајцата борци мора да се појават лично.
Суспензиите беа изречени на 15 октомври, а комисијата едногласно решила да ги продолжи до следниот состанок на кој се очекува случајот да биде разрешен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА