Филаделфија ја запиша петтата последователна победа откако изминатата вечер славеше со 112-93 против Вашингтон. До 45. победа во сезоната Сиксерс ги предводеше Џоел Ембид со 34 поени и 8 скока, додека него го следеше Харден со дабл-дабл учинок од 18 поени и 14 асистенцици. Кај Вашингтон најрасположен беше Кисперт со 25 поени.
До важна победа во битката за плеј-ин на Западната конференција стигна и Њу Орлеанс кој славеше со 127-110 против Портланд. Херојот на вечерта беше Марфи кој реализираше 41 поен, а додаде и 7 скока. Ричардсон со 19 поени го предводеше гостинскиот состав.
На серијата од три победи во низа на Лејкерс крај стави Њујорк кој славеше со 108-112 во Лос Анџелес. Рендл со 33 поени, 8 скока и 5 асистенции ги предводеше гостите, додека со 33 поени, 8 асистенции и 5 скока лидер на домашниот тим беше Расел.
Во останатите натпревари:
Денвер – Бруклин 120-122
Шарлот – Кливленд 108-114
Сан Антонио – Оклахома 90-102
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

