Продолжи победничкиот танц на Баер Леверкузен

Баер Леверкузен ја забележа деветтата победа во Бундеслигата откако во 10. коло славеше на гостувањето кај Хофенхајм со 2-3 во драматичен натпревар.

Гостите имаа предност од 0-2 по првото полувреме и головите на Вирц и Грималдо, но во само две минути од 56 до 58. минута домашните фудбалери преку Стач и Вегхорст успеаја да стигнат до изедначување. Победникот го реши Грималдо со својот втор гол во 70. минута.


Во останатите натпревари:

Келн – Аусбург 1-1
Фрајбург – Борусија Менхенгладбах 3-3
Маинц – Лајпциг 2-0
Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт 0-3

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...