Вечерва се одиграа два натпревари во Премиерлигата, во кој Брајтон одигра без голови против Нотингем, а Кристал Палас го совлада Вулверхемптон со 2-1.
Брајтон не успеа да го најде патот до голот на Нотингем и така да продолжи со слабите резултати после заминувањето на Потер во Челси. Брајтон не знае за победа четири натпревари по ред.
Кристал Палас мораше да прави пресврт за да го совлада Вулверхемптон со 2-1. Адама Траоре во 31. минута донесе водство за гостите. Во вториот дел во 47. минута Езе донесе израмнување, а Заха е херојот на Палас носејќи победа в0 70. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

