Продолжува „агонијата“ на Пелистер – Пораз и од Татран Прешов во СЕХА

Продолжува катастрофалната серија на Пелистер. По елиминацијата од Магдебург во Лигата на Европа и убедливиот пораз од Вардар во домашниот шампионат, битолскиот тим загуби и на гостувањето во СЕХА лигата кај словачкиот Татран Прешов со 32-28.

Домаќините подобро го отворија натпреварот. Во текот на целиот прв дел имаа предност, а на полувреме заминаа со плус два 16-14. Во вториот дел Словаците успеаја да го задржат водството и на крајот да стигнат до конечен триумф од 32-28.

Рабек и Пачеко со по седум гола беа најефикасни кај победникот, додека кај битолчани Мандалиниќ заврши со ист број погодоци.

 

Се вчитува...