Продолжува агонијата на Погба во Манчестер

Продолжува агонијата на првата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој поради слабите резултати на почетокот од сезоната е во немилост на навивачите на „црвените ѓаволи“.

Покрај тренинг-кампот на Јунајтед во Каригтон осамнаа графити со натпис „Погба аут“ и тоа на сообраќајните знаци на кои од клубот пред две седмици напишаа дека фудбалерите не можат да даваат автограми поради опасности на улицата.

За услугите на Французинот е заинтересиран Реал Мадрид, но останува да се види дали конечно Погба ќе замине од местото каде повеќе не е посакуван.

 

Се вчитува...