Продолжува агонијата на Шејн Ларкин

Кошаркарот на Ефес, Шејн Ларкин, ќе мора дополнително да паузира поради повреда на препоните.

Ларкин не е на теренот од натпреварот против Баерн Минхен на 14 ноември, но според последните информации Ларкин нема да се подложи на операција, но ќе мора да одмара.

„Тешка ситуација за нашиот тим. Сакаме нашиот капитен Шејн Ларкин да биде целосно здрав и се надеваме дека ќе ни се придружи повторно што е можно поскоро. Би сакал да им се заблагодарам на медицинскиот тим на нашиот клуб, на Ларкин и на персоналот на клубот за нивната посветена работа“, рече тренерот на Ефес, Пабло Ласо.

Ларкин неодамна беше блиску до играње во Купот на Турција, но тоа не се случи.

„Се обидовме да игра во Купот на Турција, но тоа не беше можно. Кога се приклучив јас на тимот, знаев дека ќе биде надвор од теренот некое време. Се надевам дека ќе се врати што е можно поскоро“, додаде Ласо.

Оваа сезона, тој имаше просек од 15,8 поени, 4,5 асистенции и 2,5 скока во 11 натпревари во Евролигата.

Се вчитува...