Продолжува беспрекорната низа на Ѓоковиќ на УС Опен, закажа полуфинале со Нишикори

Двојниот освојувач на титулата на УС Опен, Новак Ѓоковиќ ќе го одигра 33. полуфинале на гренслем турнир  во кариерата откако забележа четвртфинална победа со 3-0 во сетови над Џон Милман. За Ѓоковиќ ова ќе биде 11. последовно полуфинале на овој турнир.

Мечеот воопшто не беше лесен за Ѓоковиќ како што изгледа од конечениот резултат. Австралиецот Милман кој претходно го елиминираше Федерер беше тежок противник, па на Србинот му беа потребни речиси три часа, за успех до првата меч топка.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра против Јапонецот Кеи Нишкори. Во втората полуфинална двојка ќе се борат Рафаел Надал и Хуан- Мартин Дел Потро.

 

 

 

 

Се вчитува...