Продолжува Бизнис-лигата во мал фудбал

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал, Бизнис Лига на Македонија, ќе продолжи по едногодишна пауза, по прекинот поради пандемијата од коронавирусот.

Раководството на Бизнис-лигата официјално објави дека датумот за продолжување е 22 јуни (вторник), системот на натпреварување ќе биде елиминациски, а новиот шампион ќе биде решен со завршен турнир.

„Почитувани, сезоната 2019/2020 која беше прекината поради пандемијата Covid 19 ќе се продолжи со завршен турнир, кој ќе се одигра по строго пропишани протоколи се со цел да се запазат мерките и регулативите за заштита на здравјето на натпреварувачите. Во завршниот турнир ќе учествуваат сите 27 компании кои земаа учество во лигата, Системот на натпреварување ќе биде елиминационен по што ќе следи завршниот турнир Ф8 Почетокот е закажан за 22.06.2021 (вторник во СРЦ Борис Трајковски – А1 Арена (мала сала) Да се вратиме на фудбалскиот терен“, се вели во официјалниот допис на Бизнис-лигата.

Се вчитува...