Сезонава неочекувано е лоша за актуелниот германски шампион кој уште пред крајот започна со голема чистка.
Марко Непе пред две години и три месеци стана технички директор, а сега е објавено дека се разделува со клубот во кој е од 2017 година. Пред директорската функција беше главен скаут на Баварците.
„Сакам да му се заблагодарам на Марко Непе за долгата и плодна соработка. Во овој период прославивме многу успеси и Марко Непе е одговорен за откривањето на извонредни таленти како Алфонсо Дејвис и Џамал Мусиала, кои созреаа во играчи од светска класа во Баерн. Непе беше важен фактор во планирањето на тимот благодарение на тоа што создаде одлична скаутинг мрежа, но и реализираше бројни трансфери“, изјави претседателот Јан-Кристијан Дризен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА