Тимот на Унион Берлин продолжува да биде најпријатно изненадување во Бундеслигата. Денеска овој тим триумфираше и на гостувањето кај Штутгарт, и повторно се искачи на лидерското место на табелата.
Долго време Унион го бараше патот до голот, и конечно го најде во 76. минута кога Јекел погоди и ја донесе победата.
Со тоа Унион го искористи „киксот“ на Фрајбург кој одигра 2-2 со Херта, и нерешениот резултат на Борусија Дортмунд и Баерн и сега има солидна предност на лидерското место.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

