Продолжува доминацијата на Дончиќ и Јокиќ во НБА лигата (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс запишаа нова победа во НБА лигата сезонава откако синоќа славеа на гостувањето кај Милвоки бакс со 95-119.

Повторно неверојатна вечер кај езерџиите имаше Лука Дончиќ кој мечот го заврши со 41 поен, надополнет со девет скока и шест асистенции. Кај поразените Јанис Адетокумбо уфрли 32 поени.

Денвер нагетс стигнаа и до 10. победа сезонава откако славеа на гостувањето кај Минесота тимбервулвс со 112-123. Јокиќ забележа нов трипл-дабл од 27 поени, 12 скока и 11 асистенции. Кај поразените Рендл и Едвардс постигнаа по 26 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Мемфис 108-100, Шарлот – Оклахома 96-109 и Индијана – Торонто 111-129.

Се вчитува...