Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (Дукати) оствари двојна победа по седми пат по ред на трките од Светското првенство во престижната класа Мото ГП, и во спринт и во класичната неделна трка, што се одржа денес на новата патека во Балатон Парк за Големата награда на Унгарија.
Шесткратниот светски шампион во премиер класата беше неприкосновен по малите проблеми на стартот, паѓајќи на третото место. Сепак, на 15 круга до крајот, тој ја презеде водечката позиција и мирно ја контролираше ситуацијата до финишот, зголемувајќи ја својата предност во однос на своите ривали, кои се забавуваа борејќи се за преостанатите места на подиумот.
На крајот, Шпанецот Педро Акоста (КТМ) заврши втор , а Италијанецот Марко Безеки (Априлија) трет.
Доколку продолжи да собира поени вака, Марк Маркез наскоро би можел математички да стане недостижен за неговите најблиски конкуренти кои не беа особено успешни во Унгарија. Неговиот брат Алекс Маркез (Дукати) беше само 14-ти, а Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати) заврши на деветтото место.
Со осум трки до крајот на сезоната, Марк има 455 поени, 175 повеќе од Алекс. Третопласираниот Бањаја е 227 поени зад лидерот Маркез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

