Продолжува драмата на Истокот – Брансон ја запре Индијана, Халибартон „исчезна“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк ја намалија предноста на 3-2 против Индијана во финалето од плејофот на Источната конференција на НБА, откако синоќа победија со 111-94 во петтиот натпревар.

Њујорк ја оствари својата прва победа на домашен терен во оваа финална серија и ќе се обиде да стане 14-тиот тим во историјата на лигата што ќе направи пресврт во серијата откако губеше со 1-3. Ниту еден тим досега не победил во финалната конференција откако ги загубил првите два натпревари дома.

Џејлен Брансон ги предводеше Никсите со 32 поени, пет скока и пет асистенции, што е неговиот 21-ви натпревар во плејофот во кој постигнал најмалку 30 поени за Њујорк. Карл-Ентони Таунс додаде 24 поени и 13 скока, а Џош Харт додаде 12 поени, 10 скока и четири асистенции. Мајкл Бриџис придонесе за победата со 12 поени и пет асистенции, а О Џи Ануноби со 11 поени.

Во тимот на Индијана, Бенедикт Матурин беше најефикасен со 23 поени и девет скока, Паскал Сиакам постигна 15 поени, со шест скока, пет асистенции и три украдени топки, а Оби Топин додаде 11 поени.

Главната причина за победата на Никсите беше тоа што го запреа Тајрис Халибартон, кој го заврши натпреварот со осум поени и шест асистенции, во споредба со претходниот дуел во кој имаше 32 поени, 15 асистенции и 12 скока.

Индијана ја прекина серијата од шест победи на гостински терен. Следниот шести натпревар се игра ноќта меѓу сабота и недела во Индијанаполис.

Оклахома, како што е познато, се шампиони на Западот, и го чекаат победникот во големото финале.

Се вчитува...