Продолжува „егзодусот“ од Башкими: Си замина и Ардит Демири

После вчерашното збогување со девет фудбалери, Башкими денеска се раздели и од еден од најдобрите свои фудбалери, Ардит Демири. Играчот кој беше еден од лидерите на екипата која се врати во прволигашката конкуренција, заминува од клубот.

Од Башкими порачаа дека нема никогаш да го заборават фудбалерот, кој се сели во Германија, каде ќе продолжи да живее.

Башкими вчера се раздели од Џелили, Бихорац, Симоновски, Ајдоган, Адекунле, Јахја, Аскар, Реџепи и Хаџиќ. Тимот ќе добие сосема нов лик во пролетниот дел од сезоната, каде што со оглед на ситуацијата, акцентот ќе биде ставен на опстанокот.

Се вчитува...