Звонимир Бобан е решен да направи целосен ремонт во Динамо Загреб по катастрофалната сезона, што ќе значи и заминување на најплатените фудбалери во тимот.
Тоа беше потврдено и денеска, откако од „Максимир“ официјално си замина и Бруно Петковиќ, репрезентативниот голгетер на Хрватска кој не ја прифати понудата на Бобан да потпише нов договор за помала плата, по што следеше и отворен конфликт по кој Петковиќ си замина од најтрофејниот хрватски фудбалски колектив.
Тој беше член на Динамо уште од 2018 година кога најпрвин дојде на позајмица од Болоња, а потоа „модрите“ го откупија целосно неговиот договор. Петковиќ шест сезони по ред имаше двоцифрен голгетерски ефект во дресот на Динамо, серија што беше прекината оваа сезона, пред се поради фактот дека голгетерот се мачеше со неколку незгодни повреди.
Тој освои шест титули во хрватскиот шампионат, три пати избори пласман во ЛШ, за денеска и официјално да се збогува со „модрите“ од Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

