Продолжува „егзодусот“ од Воска Спорт: Стијеповиќ замина на Косово

Екипата на Воска Спорт од Охрид избори уште еден прволигашки статус, но екипата веројатно ќе претрпи значајни и големи промени во следната сезона. Веќе неколку играчи го напуштија тимот, а најновото име од оние кои си заминаа е Никола Стијеповиќ.

Стијеповиќ потпиша за косовска Сухарека, и во иднина ќе го носи дресот на овој тим. Медин Бајрами веќе замина од клубот, Костадин Захов е пред трансфер во Беса, додека најверојатно ќе замине и најдобриот стрелец Адам Марушиќ, кој ќе му се приклучи на првакот.

ЕКИПА дознава дека и тренерот Срѓан Захариевски ќе го напушти клубот, а пред заминување се уште неколку играчи. Воска Спорт играше и финале на Купот на Македонија, кое го загуби од Тиквеш со 2-1, и остана без пехарот.

Се вчитува...