Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако во финалето на Евролигата и ја освоија втората шампионска титула во историјата на клубот, а потоа во клубот се случлува вистински „егзодус“ откако има најава за заминување на уште еден кошаркар.
Искусниот Ерик Мекалум го напушти Фенер и се пресели во ривалот Галатасарај, додека Марко Гудуриќ одлучи да ја продолжи кариерата во Олимпија Милано, а Најџел Хејс-Дејвис оди во НБА, во Феникс Санс.
Хејс беше најдобар стрелец со 16,6 поени и 18,3 поени. Гудуриќ имаше 11,9 индексни поени, а Мекалум 11,3, и ќе биде многу тешко да се надоместат овие загуби.
Тројцата заедно постигнаа 38,7 поени по натпревар, или 46,3 проценти од вкупниот број поени, додека 44,8 проценти од поените од индексот на продуктивност дојдоа од нив.
И ова не е крајот. Фенер би можел да изгуби уште еден играч – Тарик Биберовиќ. Мемфис Гризлис го бараат, па четворица од петте најдобри стрелци би го напуштиле тимот за само еден месец. Ако и тој замине, тогаш би било 58,7 проценти од сите поени на Фенер и 53,9 проценти од продуктивноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

