Продолжуваат изненадувачките елиминации на тенискиот турнир во Акапулко. Откако првата рунда излезе и последна за десетиот на АТП листата, Тејлор Фриц, недолго потоа од турнирот испадна и Феликс Оже-Алијасим.
Но, тоа не беа единствени изненадувања, затоа што од турнирот е елиминиран и шестопласираниот на АТП листата, и еден од фаворитите за освојување на овој турнир, Александар Зверев.
Сензацијата ја приреди неговиот сонародник, Германецот Даниел Алтмајер кој првиот носител го совлада после два часа и 28 минути борба со 6-3, 3-6 и 6-3 за 57. играч на светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

