Продолжува феноменалниот старт на кошаркарите на Жалгирис во новата сезона од Евролигата, славејќи и четврта победа во 4. коло, овој пат на домашен терен против Анадолу Ефес со убедливи 89-73.
Од самиот почеток на мечот Литванците доминираа веќе во првиот период од играта стигнувајќи до 25-16. Сето тоа само рутински се одржуваше до крајот за убедлива победа од 16 поени разлика.
Најефикасен во победничкиот тим беше Најџел Хејес со 17 поени, а по 12 поени постигнаа Лекавичиус и Григонис. Во поразениот состав се издвоија Брајант Данстон со 20 поени и Крунослав Симон со 16 поени, но без моќ да се спротистават на расположените домаќини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА