Хенес: Денеска би дал и 150 милиони евра за Хари Кејн

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, како и обично, даде неколку интересни изјави, овој пат за „Кикер“. Во нив, шефот на Баварците зборуваше за различни теми.

Тој кажа дека 100 милиони кои беа платени за Хари Кејн, се исплатија и дека во моментов би дал и повеќе пари за неговите услуги.

„Многумина се чудеа кога Баерн плати 100 милиони евра за Кејн. И јас го имав истото мислење, но денеска би го купил и за 150 милиони евра. Хари Кејн е светска ѕвезда, личност со добар карактер, пример за нашите 18-годишници. Тој ги зема под свое крило, им покажува како да ја удираат топката и така натаму. Големите ѕвезди треба да чинат вистински пари, а ѕвездите од средната класа треба да бидат малку поевтини“, рече менаџерот на Баварците за англискиот голгетер.

Се вчитува...