Продолжува ЛЕ: Јунајтед става печат, Интер во битка со Хетафе

Август ќе биде резервиран за завршницата од европските купови, а по пауза од речиси пет месеци пауза ЛЕ повторно е актуелна, со натпреварите од 1/16 финалето од второто по ранг европско натпреварување.

Денеска на програмата се четири натпревари, од кои три се реванш дуели, а единствено мечот Интер – Хетафе ќе се игра на неутрален терен, а победникот автоматски ќе обезбеди учество во следната рунда. „Нероаѕурите“ влегоа во добар ритам во завршницата од Калчо-лигата, ја завршија сезоната со само еден бод заостанување зад Јувентус и сега полни со оптимизам влегуваат во завршницата од Лигата на Европа. За разлика од Интер, тимот на Хетафе потфрли во завршницата од Ла Лига и остана без место во Европа за наредната сезона по поразот во последното коло од Леванте (меч на кој Хетафе при 0-0 промаши пенал).

Манчестер Јунајтед го пречекува ЛАСК, но патникот во следната рунда е веќе познат со оглед на фактот дека „црвените ѓаволи“ славеа со 0-5 на првиот меч во Австрија. Солскјер ќе експериментира со составот, во првиот тим е најавен Џеси Лингард, но на спротивната страна и гостите се соочуваат со проблеми бидејќи Поцман и Гоигингер се повредени, а четирите летни засилувања немаат право за настап на „Олд Трафорд“.

Во 18.55 часот се закажани дуелите Копенхаген – Башакшехир и Шахтјор – Волфсбург. Данскиот клуб ќе се обиде да ја надополни негативата од 0-1 од првиот меч против новокрунисаниот турски првак, додека Шахтјор влегува во реваншот со предност од 2-1 обезбедена на првиот меч во Германија.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

Копенхаген – Башакшехир                  (0-1)

Шахтјор – Волфсбург                             (2-1)

Манчестер Ј. – ЛАСК                              (5-0)

Интер – Хетафе    

Се вчитува...