Продолжуваат доминатните изданија на ракометарите на Алкалоид во новата сезона од Суперлигата, заокружувајќи и четврти триумф во четвртиот натпревар, овој пат над дебитантот Аеродром со 30-44.
На дуелот кој се играше во салата „Автокоманда“, рамноправно се играше се до 15-15, за потоа Алкалоид да преземе се во свои раце и на полувреме замине со 16-21.
Само што почна второто полувреме целосна контрола на мечот на избраниците на Лазаров кои дојдоа брзо до 18-28, а потоа се беше рутина.
СУПЕРЛИГА – 4. Коло
ГРУПА А
Струга – Скопје 37-28
Куманово – Тиквеш 16-28
Охрид – Е. Пелистер 2 24-22
Аеродром – Алкалоид 30-44
ГРУПА Б
Пролет – Мулти Есенс 32-27
Прилеп – Вардар 1961 22-35
Вардар Неготино – Е. Пелистер 17-32
Бутел – Голден Арт (утре, 01.10 – 18 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА