Продолжува мизеријата на Германија и со нов селектор (ВИДЕО)

Во Виена пријателски натпревар одиграа репрезентациите на Автрија и на Германија. На Германците не им оди најдобро пред одржување на Европското првенство на нивно тло, каде што се надеваат и посакуваат да го подигнат трофејот. Но, со ваква игра тешко дека тоа ќе се случи.

Австријците победија со головите на Сабицер во 29. минута и на Баумгартнер во 73. минута од средбата. Германија остана со играч помалку по исклучувањето на Лерој Сане во 49. минута од средбата.

Ова е втор пораз за само три дена на Германците. Претходно беа поразени од Турција на домашен терен во Берлин со 2-3.

Поради слабите резултати на пријателските, Германците го сменија Ханс Флик и го донесоа Јулијан Нагелсман, но очигледно дека ниту тоа не е доволно.

Се вчитува...