Дефинитивно, Јувентус влезе во голема криза откако тимот од Торино и на осмиот меч по ред не знае за победа. Вечерва избраниците на Игор Тудор се поразени од Лацио во Рим со 1-0, и со тоа од сега па натаму хрватскиот тренер може да стане „поранешен“, со оглед дека и пред овој меч беше под жестоки критики од јавноста.
Ниту напаѓачката формација со Дејвид и Влаховиќ во офанзива не му помогна на тимот да дојде до посакуваниот резултат. Премногу грешки особено во средниот ред за „бјанконерите“, а раното водство на Лацио на крајот беше доволно за победа, додека гостите немаа решение како да дојдат до гол.
Тома Башиќ со прецизен удар од дваесетина метри го совлада Ди Грегорио уште во 9-тата минута, што беше доволно за конечен триумф. Јувентус не успеа во преостанатите повеќе од 80 минути да дојде до израмнување, и така мораше да се помири со уште еден неуспех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

