Продолжува навивачката зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол

Овие денови, навивачката еуфорија на фановите и вљубениците во ракометот се најголемата поддршка на македонските ракометари на Европското Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022). Пред Ист Гејт Мол посетителите на молот и фановите на македонската репрезентација, пред најголемиот ЛЕД екран во навивачка зимска атмосфера, деновиве му пркосеа на студот со развиорените знамиња, уживајќи во топлите и вкусни закуски заедно со своите пријатели и семејства.

Вечерва, 17.01.2022 (понеделник), фановите повторно ќе ја дадат својата поддршка со навивачки песни и еуфорија, навивајќи за време на следниот дуел на македонските ракометари на европското првенство со репрезентацијата на Данска, во спортската навивачка зимска зона пред Ист Гејт Мол, со почеток во 20:30 часот.

До 30.01.2022, сите фанови и љубители на ракометот имаат и единствена шанса да бидат дел од забавната спортска активност на Спорт Вижн и Интерспорт во Ист Гејт Мол,Дај гол и добиј попуст“.

Посетителите на најголемиот шопинг центар во регионот покрај безбеден и комфорен шопинг низ пространите коридори и забавни содржини во Ист Гејт Мол, до 30.01.2022 можат да уживаат и во програмата во живо на Спортско Радио.

Видеото од навивачката еуфорија пред најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје е достапно на следниот линк:

https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/462713222234250/

Во јануари Ист Гејт Мол е отворен секој ден од 10 до 22 часот, а во недела продавниците се отворени до 20 часот, а рестораните и баровите до 22 часот.

Во првиот месец од 2022-ра, почни со шопинг, забава и уживање. Почни со Ист Гејт Мол.

Ти си центар.

Се вчитува...