Манчестер Сити има проблем да погоди пенал кога на голот на противничкиот тим се наоѓа Алисон Бекер, откако „граѓаните“ пропуштија идеална шанса да поведат на денешното дерби против Ливерпул на „Енфилд роуд“.
Стерлинг изнуди пенал по стартот на Фабињо, но Гундоган не успеа да стрела прецизно од 11 метри, шутирајќи над гредата.
Ова е трет пенал што Манчестер Сити не го реализира против Ливерпул во последните неколку сезони, откако Марез биеше непрецизно на дуелот на „Енфилд“, додека Де Бруине исто така не го погоди голот на Бекер на последното дерби што овие два тима го одиграа во Манчестер.
#LIVMCI
Liverpool 0-0 Man City – Gundogan misses a penalty kick ???pic.twitter.com/cMYa9ldrGC— ???? ????? (@Fastgoal2) February 7, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

