Продолжува распадот на шампионскиот тим на Леверкузен: Уште еден фудбалер пред трансфер во Реал

Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Пјерo Инкапие е пред напуштање на клубот и преселба во Реал Мадрид. Според „Марка“, Еквадорецот е цел на „кралевите“ за левата бековска позиција, иако тој може да игра и како стопер.

Инкапие инсистира на трансфер ова лето, особено по фактот дека тренерот Чаби Алонсо ќе го преземе тренерското место на најтрофејниот клуб во ЛШ. Алонсо бара нов лев бек, со оглед дека Менди и Фран Гарсија не се на задоволително ниво за шпанскиот тим, а еден од нив најверојатно летово ќе си замине.

Оваа сезона се очекува шампионскиот тим на Баер Леверкузен да доживее целосен распад. Џонатан Та веќе замина од клубот и најверојатно ќе продолжи во Баерн Минхен, додека на истиот пат е Флоријан Вирц, иако тој на крајот може да заврши и во Манчестер Сити. Џереми Фримпонг најверојатно ќе заврши во Ливерпул, со што германскиот тим ќе остане без речиси целата одбрана која минатата сезона му го донесе на тимот првиот историски трофеј во Бундеслигата.

Се вчитува...