Продолжува сагата: Влаховиќ сега на пат кон „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед има проблем да најде играч од нападот во оваа сезона. Откако е јасно дека пропадна можноста Бенџамин Шешко да се пресели на „Олд Трафорд“, поради подобрата понуда од страна на Њукасл, сега челниците на Манчестер ќе се свртат кон српскиот интернационалец Душан Влаховиќ.

„Црвените ѓаволи“ беа заинтересирани и за Александер Исак, но се поверојатно е дека тој ќе го засили тимот на Ливерпул, а Нуњез ќе замине во Милан или во некој тим од Саудиска Арабија, па сега Манчестер одново ќе се обиде да го ангажира Душан Влаховиќ, кој е „отпишан“ од Јувентус.

Србинот беше поврзуван со трансфер во Милан, дури и ги прифати условите, но сега трансферот пропадна поради тоа што двете страни не најдоа заеднички јазик. Сега Влаховиќ е на добар пат да биде засилување за тимот на Аморим во следната сезона.

Се вчитува...