На последното државно првенство на Македонија во традиционално карате, ќерката на нашиот прославен каратист Дејан Недев, Камелија Недев, освои прво место и стана државен шампион во дисциплината кихон-кумите за деца 6-7 години. Таа активно вежба веќе една година и ова е нејзин трет освоен медал. Очигледно дека крвта не е вода.
Тренери се нејзиниот татко Дејан, дедото Венцислав и чичкото Аљоша Недев. По стапките на Камелија тргнаа и нејзините братучеди Софија и Филип кои исто така започнаа со карате тренинзите. Традицијата продолжува во семејството Недеви, а ова ќе биде трета генерација на каратисти од најспортскито семејство во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА