Продолжува шампионскиот поход на одбојкарите на Пробиштип кои стигнаа и до осмата победа во првенството славејќи во 8. коло со 3-0 против екипата на Лешок.
Победи во оваа рунда натпревари славеа и ГОК Борец на гостувањето против Шутова, како и УГД Студент, во четири сета, против екипата на Вардар.
Во најдобрата женска лига, пак, продолжува доминацијата на Јанта Волеј која исто така има осум победи од исто толку натпревари. Во ова коло Јанта Волеј славеше против Бами Кор со 3-0 (25-19,25-17,29-27).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА