Продолжува војната меѓу Мерцедес и Ред Бул – Ферстапен доби казна на час и половина пред трката во Катар

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен доби казна од пет позиции на стартот на трката за големата награда на Катар неполни час и половина пред почетокот на трката. Тој на патеката Лосаил ќе стартува од седмата позиција поради тоа што не го почитувал жолтото знаме на вчерашните квалификации.

Ова е голема шанса за неговиот ривал, Луис Хамилтон да се доближи во генералниот пласман, бидејќи Британецот ќе стартува од пол-позицијата на денешната трка.

Трката за големата награда на Катар е закажана за во 15 часот.

 

 

Се вчитува...