Продолжува војната Реал – Барса: Кој е „клуб на режимот“, кого Генерал Франко спасуваше од банкрот, и тоа три пати

Војната што ја водат Реал Мадрид и Барселона не само што не се смирува, туку и зема уште поголем замав. Претседателот на Барса, Жоан Лапорта, ги обвини „кралевите“ дека се „режимски клуб“ што секогаш е штитен од државата, па беше само прашање на време кога ќе стигне одговорот од Мадрид.

„Кралевите“ преку своите канали на социјалните мрежи објавија видео-компилација, со која јавно прашуваат „Кој е клуб на режимот“, поврзувајќи ги каталонците со вемето на нивна доминација додека на Власт во Шпанија беше Генерал Франко.

„Луѓето треба да знаат, кого Генерал Франко спасуваше од банкрот, и тоа три пати. Во таа ера на режимот, Реал чекаше дури 15 години на освојување на трофеј. А Барса му даваше на Генерал Франко ордени на заслуга, во 1965 дури и го направи почесен член на клубот. Ова се добро познато информации, што не треба да се заборават“, објавија мадридските медиуми.

</p

Се вчитува...