Продолжува војната – Сити загрижен за сигурноста на фудбалерите пред дербито со Ливерпул (ФОТО)

Актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити изрази загриженост поради сигурноста на фудбалерите и менаџерот Пеп Гвардиола, откако на социјалните мрежи почна да се шири допис за повик на навивачите на Ливерпул за дочек на гостинските фудбалери при доаѓањето на „Енфилд“.

Во Сити се загрижени бидејќи на сличен дочек во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул од пред две години, клупскиот автобус беше ударан со камења, шишиња и пиротехника.

Сити бара гаранција од Ливерпул како нема да се повтори нападот од пред 18 месеци. Големото дерби меѓу Ливерпул и Сити ќе се игра во недела во 17:30 часот.

 

Се вчитува...