Французинот Пако Расат стигна до триумфот во Аделбоден со време од 1:51.22 минути, и со тоа францускиот скијач ја продолжи сезоната на својот живот во која неочекувано и изненадувачки се искачи до самиот врв на слаломот.
По овој триумф, Расат ја презеде и водечката позиција во Светскиот куп во пласманот на слалом скијачи со 340 поени, 26 повеќе од второпласираниот Клемент Ноел, исто така од Франција.
Норвежанецот Атле Ли Мекграт денес го освои второто место со време од 1:51.40 минути.
Друг Норвежанец, Хенрик Кристоферсен, го комплетираше подиумот со третото место со 1:51.42, но не беше толку задоволен бидејќи беше лидер по првото возење.
Хрватскиот скијач Самуел Колега стигна до 21-то место и освои уште десет поени во Светскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

