Продор на Лина Ѓорческа во Топ 200 светски тенисерки на ВТА ранг листата!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со континуираниот напредок на ВТА ранг листата меѓу најдобрите светски тенисерки.

На најновата ВТА ранг листа за оваа недела, Лина напредуваше за девет позиции и повторно, по подолго време, се проби во ТОП 200 тенисерки на листата. Сега Ѓорческа е на 198. место на листата со 358 ВТА поени.

Лина Ѓорческа сега ита и кон најдобриот свој ранкинг кој го имаше во кариерата, 170. место во 2017 година. Потоа во 2023 година беше и на 178. место до кое, по одличната форма во која игра, повторно се доближува.

Прва на ВТА листата е Белорусинката Арина Сабаленка, пред Ига Швјонтек од Полска и Американката Коко Гоф.

Се вчитува...