Филип Кузмановски го постигна третиот најубав гол во Лигата на Шампионите во изборот што традиционално го прави ЕХФ ТВ по секоја рунда од елитното натпреварување.
Капитенот на Е. Пелистер постигна неколку убави погодоци на гостувањето во Кил, а проектилот од повеќе од девет метри во второто полувреме беше избран во најновата Топ листа на европската куќа на ракометот, како трет најубав погодок во 12. рунда.
Двата погодоци кои се пред Кузмановски на оваа ранг-листа се ракометни мајстории на Лагергрен од Магдебург и Фримел од Пик Сегед, како најубави два погодоци во последните две дена во елитното ракометно натпреварување.
Најубавите пет погодоци во изминатата рунда од Лигата на Шампионите, меѓу нив и проектилот на Филип Кузмановски во Кил, можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА