Марко Вујин беше прв стрелец на Вардар при денешниот пораз, покажувајќи дека ги надминал проблемите со повредите и дека ќе биде значајна алка во играта во напад на „црвено-црните“ во новата сезона.
Српскиот бомбардер беше стрелец и на најубавиот погодок на мечот, кога испрати проектил од место пред крајот на првото полувреме, по што Пешиќ не можеше ниту да трепне, камоли да ја сопре топката на патот до мрежата.
WATCH: Whilst it wasn’t enough for his new club, @HCVardar, Marko Vujin left an impression with a stunning back court goal vs @meshkovbrest. ? #ehfcl pic.twitter.com/R71Fl6XOyl
— EHF Champions League (@ehfcl) September 16, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА