Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра. Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1-1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара споменатата сума како отштета откако претходно на Спортинг Лисабон му беа исплатени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека промените околу Аморим, и тој неуспешен проект, „црвените ѓаволи“, ги чинеа речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 победи на клупата за Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојс. Неговиот тим постигна гол во 25 од 63 натпревари, завршувајќи на 15. место во Премиерлигата минатата сезона, најлошиот пласман на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лигата на Европа и го оставија тимот без европски фудбал за прв пат од 1990 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

