„Проектот за Суперлига не е мртов, Инфантино стои зад него!“

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас кажа дека првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино стои зад проектот за создавање на европска Суперлига.

Шпанецот тврди дека Инфантино е во тајните документи за организацијата на Суперлигата.

„Знам дека Инфантино стои зад Суперлигата и тоа му го кажав лично. Му кажав и претходно и ќе го повторувам постојано. Инфантино стои зад Суперлигата“, тврди Тебас.

Хавиер додаде дека Ла Лига нема ниту механизам, ниту капацитет да ги казни Реал Мадрид и Барселона зашто не сакаат да се откажат од проектот.

„Федерацијата ѝ припаѓа на УЕФА, но не и лигите кои се самостојни. Речиси сите клубови во Суперлигата се свесни дека направија грешка, а најлоша казна ќе им биде реакцијата на нивните навивачи. Проектот пропадна, но не е мртов“, кажа првиот човек на Ла Лига.

Се вчитува...