Кошаркарот на Сан Антонио, Стефон Касл, е прогласен за најдобар дебитант во НБА за сезоната 2024/25. Добитникот на наградата беше изгласан од глобално жири составено од новинари, а Касл освои 92 од можни 100 гласа за прво место и вкупно 482 поени, објави НБА.
Плејмејкерот на Сан Антонио беше водечки стрелец меѓу сите почетници со 14,7 поени по натпревар, како и четврти најдобар асистент (4,1 асистенција по натпревар) и шести најдобар крадец (0,9 украдени топки по натпревар).
Касл стана четвртиот играч што ја освоил наградата како член на Сан Антонио, по Дејвид Робинсон, Тим Данкан и минатогодишниот победник Виктор Вембањама.
Втор во изборот за најдобар почетник беше првиот избор на минатогодишниот драфт, крилниот играч на Атланта, Закари Ризахер, со 245 поени и пет гласови за прво место, додека преостанатите три гласови за прво место му припаднаа на бекот на Мемфис, Џален Велс, кој заврши трет во гласањето со 123 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

